Веќе шести ден протестираме овде. Си го браниме нашиот идентитет, државата, културата. Лажеа дека не преговараат. Оваа рамка ја преговарал премиерот Ковачевски, Пендаровски. Ја преговарале Маричиќ и Османи. Не гледаа во очи не лажеа, го знаат документот од точка до запирка, изјави Ивица Боцевски пред Собранието на Македонија.
„Вечерва сум емотивен, гледате колкава е Македонија и колку е моќна кога маршира во една колона а три знамиња, на Асномска Македонија, знамето со сонцето од Кутлеш и државното знаме.
Се обидоа да не разбијат и скршат. Се сеќаваме што направија вчера, кога на нас вперија пиштоли. Сакаа крв да падне, и во црно да ја завијат Македонија. Одговорноста е кај Ковачевски, Спасовски, Османи“, додаде тој.
Боцевски изјави дека нема промена на македонската историја и македонскиот јазик.
„Овие кукаквици, денес имале седница на Влада, толку немаат срам и образ, ја поминале срамнава преговарачка рамка и ја доставиле до Собранието. Немале образ да кажат што мислат околу тоа. Нашата последна црвена линија е Уставот. Утре ќе имаме блокади низ целата држава со почеток во 13 часот, додека нашите храбри пратеници се борат за одбрана на Македонија“, вели Боцевски.