Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Утре Димитров и Захариева на прв состанок на Заедничката меѓувладина комисија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
dfbdfbdfbd

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, утре во Софија, ќе ја предводи владината делегација која ќе учествува на првиот состанок на Заедничката меѓувладина комисија меѓу Македонија и Бугарија, чии ко-претседавачи се министерот Димитров и министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева, соопшти МНР.

Заседавањето на Комисијата се одржува согласно обврските кои произлегуваат од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, потпишан меѓу двете земји  во август 2017 година.

— реклама —

– Во рамките на програмата на Меѓувладината комисија, предвидени се  билатерални средби на министрите Димитров и Захариева, како и средби на хомолозите од ресорите економија, одбрана, локална самоуправа, образование и наука, транспорт и врски, на кои ќе се зборува за постигнатиот напредок во соработката во овие области, по потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, а ќе се разговара и за идните активности и проекти, стои во соопштението.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања