„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Утре е „Денот Д“ - масовно во 12 часот пред Собрание против новото предавство, алармира Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
Screenshot-2022-07-07-at-16.24.39

„Владејачката класа во и околу предавничката и криминогена Влада на СДС-ДУИ, исплашени од револтот на народот кој на протестите секојдневно, јасно, масовно и гласно им кажа НЕ за бугаризацијата, ја префрла топката во Собранието на Македонија“, велат од Левица.

— реклама —

Тие додаваат:

Очигледна е намерата на хибридниот режим да се амортизира притисокот од јавноста, кој очигледно го чувствува, па сè уште одбива да го објави Протоколот, во кој се инкорпорирани сите врховистички барања.

— реклама —

Поради тоа, нашите активисти кои до денес кампуваа пред Влада, утре се селат пред Собранието, каде ќе се расправа за пробугарскиот предлог. Ги повикуваме сите совесни Македонци и Македонки, кои досега неуморно маршираа секој ден, утре во 12:00 часот, да дојдат пред Собранието на Република Македонија.

Додека внатре пратениците дебатираат дали историјата и учебниците ќе бидат пишувани под бугарски диктат, дали АСНОМ и фашистичките злодела ќе се бришат поради "говор на омраза", - народот пред Собрание гласно и јасно да порача НЕ за бугаризацијата!

Владата, преку Собранието, кукавички и подло се обидува да ја легитимира бугаризацијата, несмасно искористувајќи ги пратениците од малцинските етнички групи кои не се дел од Владата, на тој начин создавајќи причина и околности за меѓуетничка омраза.

Воедно, го повикуваме сиот македонски народ, денеска повторно во 19:00 часот да излезе на протестите против недоличниот, фашистички, ултимативен и анти-македонски предлог, кој ни се поставува како услов за некаква си театрална „меѓувладина конференција“, која треба да ни биде сервирана како доказ дека преговорите за ЕУ се отпочнати и утре да се приклучи на Кампот пред Собранието на Република Македонија во 12:00 часот на пладне.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања