Промени тема
Контакт

Утре ќе биде пуштен во употреба реконструираниот студентски дом „Стив Наумов“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
media-libraryl61iqfpemnq42PhKZ6s

Владата во изминатите 26–27 месеци инвестирала повеќе од 90 милиони евра во образовната инфраструктура, од кои половина директно преку Министерството за образование, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Тој посочи дека значаен дел од инвестициите се насочени и кон студентските и ученичките домови, каде што, како што рече, процесот на реконструкција и обновување веќе е започнат.

Мицкоски најави дека утре ќе биде пуштен во употреба реконструираниот студентски дом „Стив Наумов“, додека наскоро се очекува да биде завршен и студентскиот дом „Кузман“.

— реклама —

„Многу скоро ќе биде и вториот студентски дом „Кузман“, но исто така и сите студентски и ученички домови ќе бидат – и веќе е почнат процесот – на нивна реконструкција и обновување, нешто што со децении не било направено“, рече Мицкоски.

Премиерот информираше и дека дополнителни околу 45 милиони евра преку АА-програмата, односно преку проектот за децентрализирање средства од централниот буџет кон општините, се наменети за образовни проекти. Средствата ќе се користат за реконструкција на основни и средни училишта.

— реклама —

„Има многу работи што треба да се направат. Приоритет по приоритет, еден по еден, тие приоритети ги решаваме“, изјави Мицкоски.

— реклама —

Тој оцени дека инвестициите во образовната инфраструктура се значајни и претставуваат еден од приоритетите на Владата.

Мицкоски ги повика новинарите утре да присуствуваат на отворањето на реконструираниот студентски дом „Стив Наумов“ и да се запознаат со условите што ќе им бидат обезбедени на студентите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања