Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Утре ќе се изречат казните за Чавков и другите обвинети за „27 април“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Mitko-Cavkov

Ексминистерот за внатрешни работи, Митко Чавков по трет пат е во притвор поради опасност од бегство. Имено, минатиот пат, кога Чавков заврши во затворот во Шутка, тој штрајкуваше го глад, а познато е дека тој има и здравствени проблеми. Чавков е еден од обвинетите во предметот што се води за настаните во Собранието на „27 април“.

Митко Чавков заедно со останатите 17 обвинети, утре ќе треба да ја слушнат пресудата од Кривичниот суд, како и можната казна за крававите инциденти. Предметот го води судијката Добрила Кацарска.

— реклама —

Информацијата за неговиот план, според белешката, ја дознал припадник на единицата „Алфа“ од близок пријател на Чавков кој му кажал дека има вила на Халкидики и дека планира да избега пред да му биде изречена пресудата. Обвинителката што го води овој случај, Вилма Русковска, во изјава за „Независен“ вели дека информацијата дека Чавков сака да бега ја добиле од полицијата.

— реклама —

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, пак, не потврдува и не демантира ништо и за сите информации упатува во Обвинителството. Адвокатот на Чавков, Сашо Дуковски, тврди дека Чавков не поседува вила ниту на Халкидики ниту било каква недвижност во Грција.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања