Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Утре ќе се одржи најголемиот Божикен настан во регионот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
pestera-pred-Soboren

Недела, 6-ти Јануари, од 11 часот, Македонија ќе биде домаќин на најголемиот Божикен настан во регионот, на кој се очекува учество на околу 10 илјади деца од целата земја.

„Во Скопје, на плоштадот пред Црквата Св.Димитриј, ќе се одржува голема Божикна манифестација со Божикен концерт и Божикна претстава на кои што ќе им претходи топол дочек на коледарчињата преку Камениот мост со бесплатни Бадникови чајчиња и колачиња за секое дете.

— реклама —

За Божикниот концерт ќе бидат задолжени: Елена Ристеска, Влатко Лозаноски, Викторија Лоба, Тамара Тодевска, Некст Тајм, Димитар Андоновски, Љубојна и Златно Славејче, а за Божикната претстава со наслов „Најдобриот подарок за Божик“ - ненадминливите Снежана Коневски - Руси, Дејан Лилиќ и креативниот центар Тинтири Минтири.

— реклама —

Манифестацијата пред Св.Димитриј завршува во 12 часот, по што присутните деца ќе бидат поканети да ја оформат најголемата Бадникова поворка во Македонија, и со песна да се упатат кон Соборниот храм каде што пред специјално поставена голема Божикна пештера, ќе бидат дарувани и со Божикни пакетчиња.

— реклама —

Во исто време, Бадникови поворки на радоста, во кои децата на свечен начин ќе го најавуваат Христовото Раѓање, ќе се одржуваат во уште 34 градови и населени места низ земјата, и тоа: Битола, Охрид, Прилеп, Струга, Тетово, Крушево, Ресен, Кичево, Радовиш, Велес, Штип, Струмица, Гевгелија, Валандово, Кавадарци, Куманово, Гостивар, Пробиштип, Свети Николе, Кривогаштани, Демир Капија, Неготино, Богданци, Вратница, Виница, Кочани, Делчево, Дебар, Ростуше, Велгошти, Брвеница, Беловиште, Старо село и Рогачево.

Празнуваме, се радуваме! - е мотото на овогодишната манифестација на која се ќе биде бесплатно за сите, со надеж дека радоста и топлината на Бадник и Божик ќе ја почувствува секое детско срце.

Организатор на целокупната манифестација е Здружението „Бадникови поворки“ кое постои веќе 3 години, а традицијата на организирање Бадникови поворки е возобновена од 2011 година, најпрво само во Битола и Охрид, за потоа постепено да се прошири и во останатите градови и населени места во земјава“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања