„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Утре ќе се одржи втората парада на гордоста во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
carovska-na-gej-parada-696x464

Утре под слоганот „Вон ѕидовите“ ќе се одржи втората парада на гордоста во Скопје. Од Националната мрежа против хомофобија и трансфобија, која го организира настанот, велат дека парадата е наменета за ЛГБТИ заедницата, но и за сите поддржувачи на борбата за еднаков третман на сите луѓе.

— реклама —

„Прајдот е протест, но и прослава, на која ги реафирмираме надежите за посолидарно, похумано и поправедно општество. Се надеваме и на вашето присуство на овој настан, со оглед на значајната улога на медиумите во борбата за унапредување на човековите права и прифаќањето на различностите во општеството“, велат организаторите на настанот.

Парадата ќе почне во паркот ,,Жена-борец’’, а крајна дестинација е „Школка“ во Градскиот парк.

— реклама —

На парадата ќе се обратат претставнички на организацискиот одбор на Скопје Прајд и на Интерпартиската парламентарна група за унапредувања на правата на ЛГБТИ луѓето, како и родител на ЛГБТИ дете. Во забавниот дел од програмата ќе учествуваат: Соња Исмаил, Вера Вендета, Васил Гарванлиев, Фифи Јаневска, Туна, Ивана Драгшиќ, Узун Баба и Зоки Бејбе. Водители на настанот ќе бидат Линда Социјалиста и Огнен Јанески.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања