Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Утре ќе започне 15-тиот ултра маратон во чест на Тоше Проески

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
maraton-toshe-696x522-1

Дванаесет учесници кои ќе го трчаат 15-тиот ултра маратон во чест на Тоше Проески, денеска претпладнето пристигнаа во Загреб, Хрватска. Тие утре попладне во 16:30 часот од Нова Градишка ќе го започнат ултрамаратон пред неговото спомен обележје во Нова Градишка, а в недела, на годишнината од неговото загинување, ќе пристигнат во Крушево.

Како што информира Лефкија Гажоска, директорка на спомен домот „Тоше Проески“, маратонците денеска ја посетија македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ каде ги пречека отец Кирко Велински, а потоа заминаа на дружба со Мирослав Рус од продуцентската куќа со која Тоше соработуваше.

— реклама —

Предвидено е околу 16 часот да имаат прием во македонската амбасада во Загреб на средба со амбасадорот Милиам Фетаи и со директорката на Културно-информативниот центар Наталија Попоска.

— реклама —

Утре маратонците заминуваат за Нова Градишка, Хрватска каде ќе бидат пречекани од градоначалникот на Нова Градишка и од крушевскиот градоначалник и претседателот на крушевскиот совет.

— реклама —

Ќе трчаат низ целата територија на Хрватска и на Србија. На 15 октомври, в сабота, се очекува да пристигнат на граничниот премин Табановце и да продолжат кон Скопје, а на плоштадот Македонија се очекува да пристигнат околу 18 часот. Вечерта ќе тргнат на пат за Крушево каде се очекува да пристигнат околу пладне на 16 октомври, в недела, на годишнината од загинувањето на Тоше Проески.

Маратоците ќе бидат печекани во Крушево, веќе традиционално, со црвени рози, и на Гумење, на вечното почивалиште на Тоше, ќе му оддадат почит на големиот музичар и хуманитарец, познатата македонска и балканска музичка ѕвезда која ги привлекува во Крушево фановите и почитувачите на неговото дело и 15 години од неговото загинување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarytg7lt258tk4l3M9ecuh

(Видео) Весна уште бара одговори за несреќата на Тоше, и сведочи за родителите „Татко му беше уморен од животот без синот“

Македонија | пред 2 месеци

— реклама —
media-libraryd8porrs2egkgdO4QMc1

(Видео) „Балканот никогаш не нè сакал повеќе отколку во времето на Тоше Проески, ние најмалку го ценевме“, вели Џамбазов за Тоше

Студио | пред 2 месеци

media-library5p8joka9a2rb9mgjJuB

(ФОТО) Бел гулаб и роденденска торта со бројката 45 во спомен на Тоше Проески

Магазин | пред 2 месеци

8DFF6EB7-7CBC-4E8B-8AC8-F37BFC49B68C

Хуманоста на Тоше Проески инспирира: крводарителска акција во Домот на АРМ

Скопје | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања