Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Утре почнува „Гола Месечина“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
Gola-mesecina-1

Со заложба на градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, граѓаните годинава ќе имаат можност по шести пат да го проследат Меѓународниот фестивал на комедијата „Гола месечина“.

— реклама —

„Фестивалот „Гола Месечина“ игра важна улога во развојот на културниот живот во Општина Аеродром и наш заштитен знак. Токму затоа од буџетот издвоивме 1.200.000 денари и логистички му помогнавме на организаторот Театар Комедија успешно да го реализира овој сѐ попопуларен настан во нашата општина“, порача градоначалникот Марин.

Директорот на Театар Комедија, Сашо Ристовски, најави дека и годинава ќе имаме квалитетни претстави, така што покрај дел од македонските театри, со свои комедии ќе настапат и театрите од Ниш, Србија и Загреб, Хрватска. (Репертоарот може да се види во прилог)

— реклама —

Претставите, од 2 до 9 септември, ќе се играат во спортскиот центар „Ново Лисиче“ секој ден од 20:00 часот, а влезот е бесплатен.

Инаку, „Гола месечина“ има натпреварувачки карактер и традиционално ќе бидат доделени награди избрани од тричлена меѓународна жири-комисија.

Ги покануваме љубителите на комедијата од утре да бидат дел од оваа уникатна можност и од срце да се насмејат на претставите од македонската и меѓународната театарска сцена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања