Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје, еве зошто

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
rezim-soobrakaj

Утре со почеток во 09.45 часот, во организација на Здружение за спорт и рекреација, ќе се одржи спортско рекреативна трка „Прв до врв“.

— реклама —

Трасата на движење на велосипедската трка ќе биде со почеток од пред Музеј на град Скопје – бул.„Св.Кирил и Методиј“, лево по бул.„Св.Климент Охридски“, во продолжение по бул.„Мајка Тереза“, лево по ул.„Тодор Александров“ и во продолжение по локален пат за Средно Водно до Врв на Водно („Милениумски Крст“).

— реклама —

Трасата на движење на планинарите е со почеток од пред основното училиште „Кочо Рацин“ по козји патеки или по ул.„Тодор Александров“ кон Средно Водно, од Средно Водно кон Врв на Водно („Милениумски Крст“).

— реклама —

Од  тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на наведените сообраќајници, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

— реклама —

За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања