Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Утре повторно протетст за чист воздух во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
protets-cist-vozduh-2

Протестот кој го организираат Петоци за Иднината Скопје во петок во 17 часот не е изговор за напуштање часови во средните училишта, како што тврдат некои провладини коментатори. Ваквата квалификација е крајно нечесна и ја валка не само репутацијата на меѓународното движење на Грета Тунберг на кое сме локален огранок, туку и благородната кауза зад која стоиме, се вели во соопштението со кое се најавува протестен марш на Fridays For Future. 

— реклама —

Протестот утре е последниот марш годинава во рамките на Зелена револуција, концепт кој обедини повеќе од триесет еколошки организации зад 123 конкретни барања. Нивно исполнување ќе значи конечен крај на кризата на животната средина во државава. Во петок нашите сојузници од Зелениот фронт даваат поддршка на симболичниот бојкот само на крајот на наставата, кој во никој случај не претставува бојкот за целиот училишен ден, туку само ефективен начин да се обрне внимание на проблемот. 

— реклама —

Овој период од школската година е важен за средношколците, но чистиот воздух е уште поважен. Младите заслужуваат максимална посветеност од властите за решавање на загадувањето. Во моментов таква посветеност не гледаме. За да имаме здраво општество, мора да имаме здрава младина, а за да имаме здрава младина мора да имаме здрава животна средина. Аерозагадувањето со години е проблем број еден во Скопје и пошироко, кое директно придонесува и за климатските промени, и затоа повеќе не може да чека.

Сакаме да нагласиме дека не поддржуваме никакви други активности надвор од  закажаната програма, и се оградуваме од било какви злоупотреби на еколошката кауза за лични или партиски цели. Затоа ги повикуваме граѓаните од сите возрасти, верски, етнички и партиски припадности да ни се придружат на предновогодишниот Марш за воздух во 2020-та со почеток кај Министерството за животна средина, и да им помогнат на нивните деца во оваа битка, велат од Fridays For Future,

фото: Fridays For Future

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања