Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Утре пристигнува првата пратка вакцини од Србија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
10022021_PVRSM_Zaev_Pres-konferencija-na-tema-energetska-tranzicija_1

Премиеропт Зоран Заев изјави дека е можно вакцините Фајзер од Србија да пристигнат уште утре во земјава, а кинеските вакцини на Синофарм на 15 или 16 февруари.

— реклама —

– Во делот на вакцинацијата ние секој ден се надеваме час поскоро да стигнат вакцините. Имаме најава дека дури и утре, но се уште немаме потврдено, и затоа нема да кажам детали дека може да се случи да стигнат први вакцини во нашата земја, тоа ќе го знаеме денеска попладне дали ќе биде така. Она кое што го очекуваме во делот на кинеските вакцини е 15-16-ти, секако денеска очекувам да се случи плаќањето од страна на нашата земја за да може да се испланира пакувањето, обезбедувањето на превозот од Кина на овие 200 илјади вакцини до овде во Скопје. Така што денови се пред нас кога ќе стигнат вакцините, Истакна Заев одговарајќи на новинарско прашање напрес-конференција во Владата.

— реклама —

Според него, она што е многу важно, е што системот за вакција ни е целосно подготвен

— реклама —

-Очекуваме Фајзер вакцини, очекуваме Синофарм вакцини најбрзо да дојдат. Секако, отворени ни се механизмите на набавка на Фајзер, АстраЗенека и Модерна преку КОВАКС-системот, преку ЕУ секој ден очекуваме ново решение. Комесарот Вархеји најави 70 милиони евра, зборува дури и за авансно плаќање да се платат само час поскоро за на Западен Балкан да стигнат вакцините, вели Заев.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања