Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Утре протест пред Собранието поради законот за отпад

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје

— реклама —
Утре (петок) во 15 часот пред Собранието ќе побараме крај на фарсата која парламентарните партии деновиве им ја сервираат на граѓаните во врска со законот за отпад. Младинското движење за климатска правда “Петоци за Иднината Скопје” организира протестен собир со централен перформанс - симболично седнување на улицата, кое ќе ја претставува “чекалната” во која се наоѓаат граѓаните додека се донесе решение за секојдневното труење од согорување на отпад.

— реклама —
Ќе седиме, но не со скрстени раце, затоа што долгата битка која минатата есен ја нарековме Зелена Револуција продолжува во 2020. Властите досега не исполнија ниту еден процент од списокот на барања на коалицијата Зелен Фронт, а калкулирањето со законот за отпад, чиј рок за донесување беше крајот на минатата година, само потврдува дека животната средина е на дното на нивната листа на приоритети.

За граѓаните, и особено за младите, животната средина е највисокиот приоритет, особено во еколошката криза во која се наоѓаме, а која во огромна мера е последица на секојдневното неконтролирано внесување на илјадници тони отпад како гориво за индустриските капацитети. Наместо политичките лидери веднаш да преземат мерки за спречување на оваа закана за здравјето на нивните избирачи, тие купуваат време со патетични изговори, зад кои многу веројатно се кријат интересите на олигархијата во државава.

Но вистинската моќ се наоѓа во колективот, а младите обединети зад скопскиот огранок на глобалното климатско движење ќе го поведат во отпор кон компромитираните политички елити, и кон долгорочна промена на културната и политичка ориентација во однос на прашањето на животната средина. Во следниот период нашите активности во оваа насока ќе кулминираат преку герилски акции, демонстрации и различни форми на граѓанска непослушност, се вели во соопштението од  Младинското движење за климатска правда “Петоци за Иднината Скопје”.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања