Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Утре протестен марш на синдикатот на културата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
sindikat-kulltura

Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) утре најавува дека ќе одржи протестен марш.

— реклама —

Како што информираат од Синдикатот, протестниот марш е со цел изразување на незадоволството и разочарувањето од згазените социјални права на вработените во културата поради отсуството на општ колективен договор веќе 15 години.

— реклама —
— реклама —

-Протестот има за цел да ги алармира Владата и Министерството за култура дека вработените во културата повеќе нема да толерираат газење на нивното достоинство и дека маршот е само вовед кон следните чекори во синдикалната борба за основни социјални права, се наведува во соопштението.

— реклама —

Маршот ќе започне во 12.00 часот од паркот Ибни Пајко, позади Македонската филхармонија, ќе продолжи пред Владата и ќе заврши пред Министерството за култура каде претседателите на сите 46 синдикални организации на СКРМ ќе ја пренесат пораката на маршот – „Колективен сега“, односно дека културата бара колективен договор кој ќе стапи на сила од 01.01.2020 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања