Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Утре се навршуваат 16 години од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
hq_boristrajkovski_1493888704

Со положување венци со свежо цвеќе на гробот и на спомен обележјата во чест на поранешниот претседател Борис Трајковски, Владата на Северна Македонија утре, 26 февруари, ќе ја одбележи 16 годишнината од неговата смрт.

Министерот во Владата на Република Северна Македонија задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, ќе ја предводи делегацијата на Владата на одбележувањето на годишнината од смртта на претседателот Борис Трајковски, што ќе се одржи на 26 февруари во Мостар, кај Ротимље, каде што се случи авионската несреќа.

— реклама —

Покрај министерот Адеми, во делегацијата на Владата се и министерот задолжен за странски инвестиции, Елвин Хасан и заменик министерот за култура, Владимир Лазовски.

— реклама —

На одбележувањето на годишнината од смртта на претседателот Трајковски е најавено присуство и на претставници на Владата на Босна и Херцеговина и на градот Мостар.

— реклама —

Делегација на Владата што ќе ја предводи министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, заедно со министерот за образование и наука Арбер Адеми и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, ќе положи венец со свежо цвеќе на гробот на претседателот Трајковски на Градските гробишта Бутел во Скопје (26 февруари, во 11:00 часот).

На споменикот на поранешниот претседател Борис Трајковски во Струмица, свежо цвеќе ќе положи владина делегација во состав Горан Сугарески, министер за транспорт и врски, Елизабета Наумовска, заменичка министерка за образование и наука, и Кирил Парталов, државен секретар во Министерството за локална самоуправа (26 февруари, во 11:00 часот).

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања