Промени тема
Контакт

Утре се одржува 39. Охридски пливачки маратон: 16 пливачи во битка со 25-километарската патека

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Охрид
mkd-335175

Охрид утре ќе биде во знакот на пливањето и спортската традиција, со одржувањето на 39. издание на Охридскиот пливачки маратон. На патеката „Климе Савин“, долга 25 километри, 16 пливачи ќе се соочат со еден од најголемите предизвици во пливачкиот спорт.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, истакна дека маратонот претставува многу повеќе од спортски натпревар и е дел од препознатливиот идентитет на градот.

— реклама —

„Како градоначалник, но и како охриѓанец, горд сум што имаме свој придонес во оваа голема маратонска традиција. Охридскиот пливачки маратон е многу повеќе од трка, тој е дел од нашиот идентитет, наша гордост, симбол на Охрид и нашето езеро“, порача Пецаков.

Тој на учесниците им посака успешен настап и мирни води во текот на целиот маратон.

— реклама —
— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

Foto-3

Претседателот Пендаровски на Охридски пливачки маратон

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања