Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Утре средба Заев - Џафери, се бара решение за за деблокирање на законите што заглавија во Собранието

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
22092020_PVRSM_Obrakjanje_Sobranie_2

Средба утре меѓу премиерот Зоран Заев, претседателот на парламентот Талат Џафери и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ќе биде последниот обид да се најде решение за деблокирање на законите што заглавија во Собранието. Средбата се очекува да се одржи пред седницата за пратенички прашања, а Заев не ја исклучува ниту можноста за прогласување вонредна состојба, објави Алсат.

— реклама —

Во меѓувреме, лидерот на македонската опозиција, Христијан Мицкоски, излезе со понуда до власта. Пред седницата за пратенички прашања да биде закажана седница со четири точки на која тие се подготвени да создадат кворум.

„Одлуката за продолжување на рокот за постоење на кризна состојба и измени на законите за финансиска поддршка на работодавачите, финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од корона кризата и измените на Законот за данокот на личен доход. Ќе потенцирам уште еднаш, иако поддршката од Владата е мала и недоволна за фирмите и граѓаните, сепак истата ќе биде поддржана од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Запрашан за ваквата понуда на Мицкоски, Заев рече дека прифаќа сè што е во интерес на граѓаните и што нуди брза можност за деблокирање на законите.

Текстот во целост на: Алсат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања