Претседателот на Сoбранието Талат Џафери за утре ја закажа пленарната седница со единствена точка на дневен ред – разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Седницата ќе започне во 13. часот. Постапката за разрешување на Јанева налага Парламентот да обезбеди дветринско мнозинство и бадинтерово гласање.
Инаку денеска започна преземањето на предметите од СЈО во ЈО.