Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Утре во Скопје посебен режим на сообраќај поради „Топси Триоги Триатлон“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
stop-policija

Утре (09.06.) во времето од 08,30 часот до 12,30 часот, во организација на спортски триатлон клуб Триоги рејсинг Скопје, ќе се одржи интернационален натпревар „Топси Триоги Триатлон“ кој започнува со пливање во базенот „Карпош“, потоа продолжува со возење велосипед со старт од Вип Арена СЦ Борис Трајковски долж пристапната улица, десно по булеварот „Илинден“ до крстосница со улицата „Љубљанска“ каде се врти полукружно назад по истата коловозна лента на булеварот „Илинден“ до крстосница со булеварот „8-ми Септември“ и назад кон ВИП Арена СЦ Борис Трајковски од каде се започнува со трчање долж тротоарот на булеварот „8-ми Септември“ десно по булеварот „Илинден“ до целта пред ВИП Арена СЦ Борис Трајковски, во Скопје.

— реклама —

Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во периодот од 07,30 до 12,30 часот ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на булеварот „Илинден“ од крстосница со булеварот „8-ми Септември“ до крстосница со улицата „Љубљанска“ при што за сообраќај ќе биде затворена само коловозната лента во насока на движење од „Мида моторс “ кон населбата Ѓорче Петров, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања