Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Утревечер ќе светне Новогодишната елка на плоштадот „Македонија“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
Winterland-Skopje-LOGO-2

Со осветлувањето на Новогодишната елка поставена на плоштадот „Македонија“, закажано за утревечер во 19 часот, ќе се отвори и Винтерленд - новогодишната населба што ќе придонесе за празничниот амбиент во градот, во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници.

— реклама —

Осветлувањето на елката ќе го придружува настап на средношколскиот хор составен од 120 ученици од девет средни училишта на Град Скопје, и тоа од „Никола Карев“, „Раде Јовчевски Корчагин“, „Јосип Броз Тито“, „Орце Николов“, „Кочо Рацин“, „Васил Антевски Дрен“, „Владо Тасевски“, „Зеф Љуш Марку“ и „Панче Караѓозов“, кои околу половина час ќе изведуваат Божиќни песни. Средношколците на плоштадот „Македонија“ ќе пристигнат придружувани од членовите на Градскиот дувачки оркестар кој ќе изведе парадно концертирање од Старата железничка станица, па по улицата Македонија, се до плоштадот „Македонија“.

— реклама —

— реклама —

На осветлувањето на новогодишната елка ќе присуствува и градоначалникот Шилегов кој ќе го означи почетокот на новогодишното празнување во Скопје.

Просторот околу елката е уреден како Новогодишна населба со украсени куќички во зимски амбиент и катчиња за игра и смеа. Во населбата со име „Винтерленд“ (Зимска земја) ќе има и мала сцена на која секојдневно ќе се организираат настани кои ќе го привлечат интересот на сите граѓани, без разлика на возраста. Ќе има и топ за создавање вештачки снег, со што ќе се дополни зимската слика. Во населбата ќе има катчиња за детски игри, како и разновидни содржини од новогодишен карактер. Просторот околу елката, пак, ќе биде организиран како дел за храна и пијалаци, каде што граѓаните ќе може да седнат и да уживаат во понудата на околните куќички.

Градот Скопје ги повикува сите граѓани да дојдат на Плоштадот и заедно да ја почувствуваме новогодишната магија.

Официјалната празнична програма во центарот на градот ќе почне на 15 декември.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања