Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Утрото разговарав со сопартиец, име не му знам, рече Палевски одговарајќи каде бил кога е убиен Жежовски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
palco

И во одговорите на прашањата од Обвинителството, обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо се обидува да ги дискредитира снимките од дворот на обвинетиот Велибор Манев, а кои се направени ден пред денот кога велешанецот Панче Жежовски бил грабнат. На нив се гледаа сите обвинети за грабнувањето и убиствата. Дел од нив со мотороли и слушалки на уши. Истовремено, Палевски рече дека денот кога Жежовски е грабнат и убиен зборувал со некого, ама не може да се сети со кого.

— реклама —

„Во 2023 година најмалку 3-4-5 пати сум бил во дворот на Велибор Манев, сум бил и доцна навечер, сум бил и преку ден, кога сум се враќал од Прилеп, Битола сум застанувал сме пиеле кафе и сме разговарале. Го негирам видеото со докази, а не мои тврдења“, вели Палевски, без да приложи докази.

— реклама —

Обвинителството праша: „За 22.11.2023 година (денот кога е грабнат и убиен Жежовски) кажавте сте станале 09:30-10:00, сте пиеле кафе, сте го шетале кучето и дека при тоа сте разговарале со некој член на партијата кој се плашел od кучето, но за чудо не се сеќавате кое е тоа лице, ниту пак до денес е предложено такво лице за да го потврди тоа што го кажувате, не постои такво лице нели?

Обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо: Постои такво лице, претепано е во вашата истрага, има сериозни последици, јас и тогаш и денес не можам да се сетам на неговото име и презиме, мојата одбрана подготвува некакви чекори за што не сум должен да ви објаснувам. Додека ја шетам Хера среќавам многу луѓе, како што е примерот на професор Мартин, кој го предложив за сведок, кој не прифати да прими покана, за да нема опструкции на предметот јас го повлеков предлогот.

— реклама —

Обвинителството: „На 22.11.2023 од телефонската анализа произлезе дека прв успешен реализиран повик е дури во 13 часот и 14 минути, а претходно сте користеле интернет, ова значи дека сигурно сте имале причина што не сте биле активни во однос на повиците до 13,14 часот, така ли беше на 22.11.2023 година?

— реклама —

Обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо: Еве како беше на 22.11.2023 година. Телефонскиот повик кој го споменавте е на обична линија, но заборавивте да објасните, па јас ќе му објасннам на судијата. Тој е поделен на 7 разговори, сите седум разговори се по 60 секунди, и после тоа повеќе не постојат базни станици во извештајот до 16 часот и до некоја минута. Се работи за Мери Минџевска, која ме повикала од базна станица Бисер, но базна станица за Палевски нема - празно е. Спомнавте дека сум користел интернет, а таму има броеви и тоа посериозна количина, но не го кажавте времето на користењето на интернетот. Интернет сообраќајот е после 9.30 на 22.11.2023. Јас не одговарам на повици на обична линија, затоа што не сакам да бидам прислушуван незаконски. Користам исклучиво Телеграм. Според тоа, според анализата, со Влатко Кешишев е првиот разговор во 11.47 часот. Во обвинението не ни е објаснето како успеал Влатко, од 10.30 пред хотелот „Романтик“, да направи прв повик во 11.47 во Центар на Скопје“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 8 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 8 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 8 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања