Промени тема
Контакт

Утврден предлог законот за прогласување на Студенчишко Блато за заштитено подрачје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Актуелно
Zivotna_sredina

Владата откако го разгледа, го утврди Предлог-законот за прогласување на Студенчишко Блато за заштитено подрачје - Парк на природата, кој ќе биде испратен во Собранието на натамошно одлучување.

Со донесување на Закон за прогласување на Студенчишко Блато за парк на природата ќе се овозможи:

зачувување на природната состојба на локалитетот Студенчишко Блато преку заштита на природните и други вредности;

— реклама —

спречување на дејствија што можат непосредно или посредно да предизвикаат нарушување на живеалиштата и екосистемите;

— реклама —

создавање на поволни услови за заштита, зачувување и унапредување на биолошката и пределската разновидност;

одржливо користење на природните ресурси на начин на кој не се загрозува опстанокот на живеалиштата и видовите.

— реклама —

Блатото Студенчишта претставува последен глацијален реликтен остаток на блатната вегетација во нашата држава, развиен за време на периодот на плеистоценот и е во загрозена состојба заради присуство на депонија, прекината комуникација со езерото, палење и уништување на блатната вегетација и формирање на обработливи површини.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања