Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Утврдено прекршување од страна на дежурниот лекар во случајот со починатата стружанка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
infektivno-2

Државниот санитарен и здравствен инспекторат утврдил прекршување кај дежурниот здравствен работник од охридската болница во случајот со починатата стружанка од коронавирус, соопшти директорката на инспекторатот, Иринка Сотирова на денешната прес конференција.

Сотирова потенцираше дека вонреден инспекциски надзор кој почнал вчера сеуште трае.

— реклама —

–  Инспекцискиот надзор се уште трае, но од досега добиените информации утврдено е прекршување во однос на неовозможување на здравствена заштита на пациент, се однесува на здравствен работник кој бил дежурен во времето кога пациентката е донесена на преглед. Точно е дека матичниот доктор има издадено упат. За сите други прашања ќе одговорам и ќе го информирам министерот во извештајот што ќе биде подготвен денеска затоа што се уште се земаат изјави од сите оние кои работеле тој или следниот ден на Инфективната болница во Охрид, истакна  Сотирова.

По обелденувањето на овој случај, министерот за здравство Венко Филипче најави разрешување на директорката на Охридската болница, а предмет за овој случај  отвори и Јавното обвинителство.

— реклама —

фото: Архива

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања