Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Уважена жалбата на ОЈО Скопје во врска со условната осуда за сообраќајната несреќа кај Млечен ресторан

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
43723215_10212839101392694_6035299116764889088_o

Јавното обвинителство денеска ја прими пресудата на Апелациониот суд Скопје со која се уважува жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје во поглед на кривичната санкција изречена со првостепената пресуда во предметот за сообраќајната несреќа која се случи на 12.10.2018 година кај Млечен ресторан.

— реклама —

Со пресудата, Апелациониот суд ја преиначи првостепено изречената условна осуда и на обвинетиот кој беше огласен за виновен за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик му изрече ефективна казна затвор во траење од две години, како и забрана за управување со моторно возило од Б-категорија во траење од две години, со тоа што времето поминато во затвор не се засметува во нејзиното траење.

Против првостепената пресуда во овој предмет жалба вложи и оштетената, но беше отфрлена како недозволена.

— реклама —

Апелациониот суд во целост ја анализираше утврдената фактичка состојба во предметот. Притоа со донесената пресуда оцени дека во конкретниот случај постои правилна примена на материјалното право, со оглед на тоа што во дејствијата на обвинетиот прецизно се опишани елементите на кривичното дело кое му се ставаше на товар со поднесеното обвинение и за кое обвинетиот беше огласен за виновен со првостепената пресуда.

Ценејќи ја, пак, одлуката за кривичната санкција, Апелациониот суд ги прифати наводите на Основното јавно обвинителство Скопје, потврдени и со писмениот предлог на Вишото јавно обвинителство Скопје, согласно кои првостепениот суд во недоволна мера ги ценел отежнувачките околности и дека целта на казнувањето во конкретниот случај не може да се оствари со изречената алтернативна мерка – условна осуда.

Од тие причини Апелациониот суд донесе одлука да ја преиначи првостепената пресуда во овој предмет во делот на кривичната санкција, притоа оценувајќи дека затворска казна од две години и двегодишна забрана за управување со автомобил се адекватни на тежината на стореното кривично дело и ќе претставуваат адекватен општествен прекор за преземените противправни дејствија.​​

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања