Замрзнување на новиот правилник и враќање на стариот закон, бараат увозниците на половни возила. Денеска тие излегоа на мирен протест. Се жалат дека Царинската управа нема слух за нивните барања. Токму поради тоа се одлучиле барањата да ги достават директно во Владата. Според увозниците на половни возила, откако стапил во сила новиот Правилник давачките драстично им се зголемиле поради што увозот на половни возила во првите дваесетина дена од годинава им се намалил за 90 отсто во споредба со истиот перид лани.
Од Царинската управа велат дека е рано за да можат да се проценат ефектите од Законот. Повлекување на Законот засега не планираат.
„Главната поента на овој закон на оваа уредба е еколошката компонета. Секако ги разгледуваме забелешките се прават анализи сепак треба да бидеме свесни дека нема ни месец дена откако е донесена уредбата за да се увидат првите резулатаи за да видиме дали може, или не треба да се интервенира“, изјави Ѓоко Танасоски директор на Царинска управа.
Фото: Архива