Од УХМР известуваат дека под влијание на циклонска активност до крајот на седмицава ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи, а на повеќе места ќе наврне поголема количина на воден талог (над 25 l/m2 за 24 часа).
„До петок локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град.
И во Скопската Котлина повремено ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината до петок ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.
Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја“, информираат од УХМР.