УХМР спречи врнежи од град со помош на авионско засејување на облаците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
102682090_260314745210469_3313561921582146017_n

Пелагонискиот и Преспанскиот регион во текот на вчерашниот ден  беа зафатени од интензивна нестабилна воздушна маса која доаѓаше од југ. Со цел да се спречи појава на град, Управата за хидрометеоролошки работи преку радарските центри Ѓуриште и Тополчани и Аероклуб Скопје во периодот од 10:15 часот до 16:33 часот извршија авионско засејување на градоносните облаци и потенцијално градоносни облаци со 135 палки, (една палка содржи 400г сребро јодит) со што е спречена  појава на град во овие региони.

— реклама —

Претходно, Управата за хидрометеоролошки работи и Аероклуб Скопје, на 20 ти минатиот месец, ја имаше првата успешна интервенција за спречување на појава на град со помош на новата метода за засејување на облаците. Тогаш, беше извршено дејство врз градоносни облаци со авионско засејување во регионот југозападно од Велес, во Општина Чашка и во  регионот западно од Прилеп во Општина Долнени. УХМР и Аероклуб Скопје, изминатиов период извршија неколку успешни интервенции за спречување на град со помош на авионско засејување на облаците.

Оваа нова метода за заштита од временски непогоди (град) за првпат од годинава започна да се применува и во Република Северна Македонија. Авионското засејување на облаците за заштита од град ќе се спроведува на целата територија на нашата држава. Со овој модерен систем за заштита од град ќе се придонесе за заштита на земјоделското производство од временски непогоди, и намалување на сумата којашто изминатите години се издвојува за за исплата на обештетувања.

— реклама —

фото: Влада

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања