Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Ужас во Будва: Група од 20 малолетници фрлале камења по момче и брутално го претепале и снимиле се, но нема да одговараат за тоа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
crna-gora-policija

Тринаесетгодишно момче на 1 септември во вечерните часови на игралиштето во будванската населба Адок било брутално претепано од врсниците, но за тоа тие нема да одговараат бидејќи дежурниот обвинител оценил дека се малолетни под на возраст од 14 години, кои не се ниту кривично ниту прекршочни одговорни.

— реклама —

Мајката на претепаното момче за „Вијеста“ изјави дека на инцидентот му претходело „несогласување на нејзиниот син со врсник за кошарка“.

— реклама —

После тоа, тврди таа, тој врсник му праќал заканувачки пораки, а потоа го чекал со уште дваесетина момчиња на кошаркарскиот терен, каде му нанеле бројни повреди, меѓу кои и потрес на мозокот, поради што бил испратен од итната медицинска помош во Будва.

Според мајката, од стресот страдал и неговиот седумгодишен брат, а насобраните момчиња не направиле ништо за да го спречат, туку навивале за насилниците, го поттикнувале и снимале додека тринаесетгодишникот бил брутално претепан.

— реклама —

„Нашиот тринаесетгодишен син играше кошарка со својот помал брат на блискиот терен ноќта пред почетокот на новата учебна година. Претходно добил заканувачки пораки од врсник, кој наводно сакал да го одбрани својот другар, со кој син ми е во клас, со кој се скарал за кошарка. Мојот син немаше поим дека веќе формирале група која е подготвена да го претепа таа вечер. Нападот се случил кога децата кои вообичаено живеат од другата страна на градот дошле на терен и го предизвикале, фрлале со топки и камења по него, го навредувале и провоцирале, а потоа брутално го нападнале одзади“, вели мајка на претепаното момче.

— реклама —

Таа апелираше до надлежните институции, полицијата, обвинителството, училиштата и министерствата да ги казнат сторителите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryv4sej38e0ssb0KfXULt

Нова ликвидација во Црна Гора: Убиен Милош Ѓуричковиќ од шкалјарскиот клан

Свет | пред 14 часа

— реклама —
crna-gora

До 18.000 работници би можеле да останат без работа, а цените да пораснат до 40 отсто во Црна Гора

Балкан | пред 1 седмица

media-libraryh0kmi121734b5bc33Gp

Милатовиќ му одговори на Пленковиќ: Не е фер Црна Гора да ги решава споровите само според желбите на Хрватска

Балкан | пред 1 седмица

cAnk9lLaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTTJZN01EQV8vYTAwYzk0NDIzNWY4ZGE3MDFhNTgyMDU3ZTExNWYyM2MuanBnkZMCzQLkAIGhMAE

Пленковиќ со ултиматум до Црна Гора: Нема затворање на преговорите со ЕУ без договор за границата

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања