Ужас во Карпош: Имало тепачка со ножеви, лопати, секири, изваден бил и пиштол

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
248287349_345946824048768_3738017654012925334_n

,,Општина Карпош е згрозена од синоќешниот немил настан во ромската населба во Злокуќани. Такво насилие, крволочност, со употреба на лопати, секири, ножеви... (за среќа извадениот пиштол не успеал сопственикот да го репетира), е незапаметено во историјата на Карпош. Оваа масовна тепачка во ова населено место не е прва. Дел од ромската населба во Злокуќани станува гето, опасност за живеењето на жителите кои сакаат мирно да ги поминуваат деновите, но уште поопасно за граѓаните кои што гравитираат во тој дел како и фирмите кои што имаат имот во оваа населба. Готово да нема граѓанин кој што физички не е нападнат. Не постои куќа или фирма која повеќе пати не е брутално ограбена, а сторителите се познати и на мештаните и на органите на прогон.

— реклама —

За насилниците од оваа населба градоначалникот на општината повеќе пати изврши разговор со полициската станица Карпош и со Основното јавно обвинителство за да насилниците бидат санкционирани, затоа што овие луѓе не само што ги загрозуваат жителите на Злокуќани, туку и жителите на Бардовци и Влае 1.

— реклама —

Општина Карпош бара од полицијата, обвинителството и судот, најстрого да бидат санкционирани учесниците во оваа нецивилизирана, преполна со агресија тепачка својствена на средниот век, а не на цивилизирана заедница како што е оваа општина. Доколку овој немил настан не се санкционира соодветно, а границата е помината веќе со години, состојбата ќе биде уште полоша, а агресивните насилници ќе земаат се повеќе замав.”, пишуваат од Општина Карпош.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања