„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Ужас во затворите во Македонија, состојбата е повеќе од загрижувачка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
sutkaaa

Полицајци добиваат притисоци, а затвореници се сместени во мизерни услови со бубашваби. Народниот правобранител Насер Зибери посочува дека условите во македонските затвори се лоши. Најголеми проблеми има во затворот „Идризово“ каде се сместени најмногу затвореници, каде според него состојбата е повеќе од загрижувачка. Тој вели дека има игнорантски однос од властите, а не се даваат ниту потребните пари за нормално функционирање.

— реклама —

„ Во шеснаесет метри квадратни, со осум кревети, имаше шеснаесет осудени лица. Во друга просторија од деветнаесет квадрати имаше дванаесет лица. Во голем дел од просториите условите се неадекватни а се сместуваат повеќе од девет лица. Поради несоодветните материјални услови не се врши сместување во второ, петто и осмо крило. Условите не се подобри ниту во просториите кои се користат. Просториите каде се сместени лицата од отвореното одделение и т.н. амбулантско одделение, можат да се опишат како нехумани и деградирачки. Осудените лица сместени во овој оддел беа затекнати како спијат на под, на сунѓери, во ходници, во импровизирани кревети, ставени еден врз друг на три спрата. Хигиената на ниско ниво, а просториите се полни со инсекти како лебарки, бубашваби, тафтабити и слично. Осудените лица се жалат дека немаат пристап ниту до топла вода“, рече Насер Зибери.

Ништо подобро не е ниту во затворот „Скопје“.

— реклама —

„Таму се сместени во простории во простории со мувла по ѕидовите, каде има стар инвентар, ниско ниво на хигиена, со расипани чешми. Притворениците се жалат на пристапот до вода, кој не е решен. Затворениците складираат вода во пластични шишиња“, додава Зибери.

Проблеми има и во затворот Тетово каде се сместени деца. Тие веќе една година, не посетуваат настава во затворот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања