„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

В недела на кејот на Вардар ќе се трча за поддршка на заболените од Вилсон

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
Untitled-9

В недела, на 21ви октомври, на кејот на Вардар кај мостот кај луна паркот, со почеток во 11.30 часот, ќе се одржи хуманитарна штафетна трка Подај рака 2018 за поддршка на заболените од ретката болест Вилсон. Собраните средства од котизацијата, оваа година ќе бидат искористени за запознавање на матичните лекари со можните симптоми и начините за рано детектирање на болеста, што ќе се спроведе со карван низ повеќе градови.

— реклама —

Трката, која се одржува по четврти пат, е во организација на Здружението на граѓани за поддршка на лица со оваа ретка болест - Вилсон Македонија, а во неа ќе учествуваат и лица заболени од Вилсон и од други ретки болести со што симболично ќе се покаже дека кога дијагностиката и терапијата се навремено аплицирани, со најголемиот број ретки болести, може да се живее нормален живот, рамноправен со сите луѓе.

„Со овој настан сакаме да им дадеме поддршка и на сите лица кај кои најчесто, како последица на ненавремена детекција, ретките болести оставиле непоправливи последици, како и да им оддадеме почит на оние кои прерано го изгубиле својот живот борејќи се со нив“, велат од Вилсон Македонија.

— реклама —

Трката како и досега ќе биде штафетна и ќе се трчаат четири пати по еден километар, а ќе има и детска трка бидејќи е многу важно најмладите да се запознаат и од мали да даваат поддршка на лица кои се соочуваат со ретки болести, паралелно развивајќи ја својата хуманост.

Повеќе информации и пријавување за трката Подај рака се достапни на следниот линк https://www.smartrace.club/

Болеста Вилсон предизвикува нарушување во метаболизмот што доведува до таложење на бакар во црниот дроб, мозокот и очите, процес што се одвива постепено, со години, пред појавата на првите симптоми.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања