Промени тема
Контакт

В недела времен сообраќаен режим на дел од булеварот „Илинден“ поради Скопје трча 10 КМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје

В недела од 7:30 до 11 часот ќе биде затворен за сообраќај дел од булеварот „Илинден“, на потегот од крстосницата со улицата „Аминта III“ (фонтана „Лотус“) и улицата „Љубљанска“ (ТЦ „Скопје сити мол“). Сообраќај ќе биде пренасочен по околните улици.

Град Скопје информира дека времениот сообраќаен режим е поради одржувањето на трката „Скопје трча 10 КМ – 2018“.

— реклама —

Возилата од јавниот градски превоз кои ја опслужуваат линијата 8, ќе бидат пренасочени по булеварот „Св. Климент Охридски“, а потоа по булеварот „Партизански одреди“. Возилата кои ја опслужуваат линијата со бр. 15А, ќе бидат пренасочени по булеварот „Партизански одреди“.

— реклама —

Автобусите од линиите 15, 15А и 19, а кои го опслужуваат терминалот на улица „Љубљанска“ ќе бидат пренасочени на терминалот на улица „Манапо“. Автобусите од автобуските линии 15, 15А, 19, 7 и 59 кои ќе го користат терминалот на улица „Манапо“ ќе продолжат по улица „Карпошово востание“, улица „Бледски договор“ и потоа ќе продолжат по булеварот „Партизански одреди“.

— реклама —

– Апелираме сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни, да ја приспособат својата брзина на движење според условите на патот и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, се вели во соопштението од Град Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања