Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Вакцинација - да или не?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
vakcina

Вакцината против морбили (мали сипаници), рубеола и паротит (МРП) е откриена во1963 година, но стравот од имунизација со оваа вакцина во Македонија трае и по повеќе од половина век. Кулминацијата ја достигна во изминатите неколку години поради бројните кампањи против имунизација на децата започнати од страна на родители, но и од страна на квази-експерти за оваа област. Влијание врз состојбата имаше и стравот од квалитетот на вакцините што се увезуваат во Македонија, како и неедуцираноста на дел од родителите и нивното стравување дека некои од вакцините предизвикуваат аутизам кај децата, податок кој научно не е потврден. Резултат од ваквиот сплет на околности, денес е - епидемија на морбили во Скопје, прогласена од Министерството за здравство, поради 12 нови случаи.

— реклама —

Мал одѕив за имунизација

— реклама —

По првите седум случаи на мали сипаници кои беа потврдени на крајот на минатиот декември во населбата Радишани во општина Бутел, една недела подоцна новите случаи доаѓаат од различни скопски општини - Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром и повторно - Бутел. Во вториот бран од 12 лица со исти симптоми, за шест од нив наодот е потврден преку соодветни анализи, а за другите шест резултатите се очекуваат денеска. Заразените ја немале примено вакцината против МРП, а меѓу нив, освен деца на возраст од 8 месеци до 4 години, има и двајца возрасни. На Клиниката за инфективни болести се хоспитализирани осум од заразените лица, најголем дел се со бронхопневмонија како најчеста компликација, а кај возрасните и со посериозна клиничка слика.

— реклама —

Повеже тука.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања