Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Вакцинацијата за сезонски грип продолжува од понеделник

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Центрите за јавно здравје ќе обезбедат дополнителни количини комерцијални вакцини за сезонски грип. Вакцинацијата за грип продолжува од понеделник, а скопскиот Центар ќе вакцинира и утре (сабота 10.11.2018 година).

„Министерството за здравство, заедно со Владата на Република Македонија, годинава првпат овозможи 28.000 дози на бесплатна вакцина против сезонски грип за лица над 65 години со просечна и потпросечна пензија, како и за оние без пензија. Станува збор за четиривалентна вакцина против грип, која заштитува од четири видови инфлуенца и е во производство на француската фармацевтска компанија „Санофи Пастер“.

— реклама —

Но, паралелно со Министерството и 10-те центри за јавно здравје самостојно реализираа постапки за јавна набавка за 13.100 комерцијални количини вакцини, како и претходните години, a годинава се обезбедени вкупно 41.000 доза вакцини против сезонски грип, односно годинава бројот на вакцини е за околу 45 отсто поголем, во однос на претходните сезони.

Напоменуваме дека секој Центар за јавно здравје самостојно врши проценка за обезбедување на потребните количини вакцини за подрачјето кое го покрива“, велат од Министерство за здравство.

— реклама —

Вакцината против грип е незадолжителна, но препорачана за хронично болни и возрасни пациенти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања