Промени тема
Контакт

Ван Дајк влезе во жестока расправија со новинар: „Јас го уништив холандскиот фудбал? Тоа е апсурдно“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Спорт
media-libraryeaa731uv1fpkbRZRRlD

Капитенот на Ливерпул и на репрезентацијата на Холандија, Вирџил ван Дајк, влезе во жестока расправија со новинар за време на прес-конференцијата пред натпреварот со Србија.

Причина за реакцијата на искусниот дефанзивец биле тврдењата поврзани со настапот на Холандија на Светското првенство, меѓу кои и наводите дека тој инсистирал репрезентацијата да игра со петмина дефанзивци против Мароко, наместо со стандардната формација 4-3-3.

Ван Дајк директно ги отфрли ваквите тврдења и ги нарече бесмислици.

„Еден ваш колега рече дека јас сум кажал дека треба да играме со петмина дефанзивци против Мароко. Тоа е целосно преувеличено. Тоа се чисти бесмислици. Бесмислици се пласираат за да изгледам уште полошо отколку што сум“, рече Ван Дајк.

— реклама —

Тој додаде дека му било кажано оти тој и селекторот Роналд Куман го „уништиле холандскиот фудбал“, оценувајќи дека таквите тврдења отишле предалеку.

Кога новинарот Валентајн Дрисен забележал дека Ван Дајк делува помалку расположено од вообичаено, капитенот на Холандија возвратил дека понекогаш мора отворено да се зборува.

— реклама —

„Понекогаш некои работи мора да се кажат, нели? Не можете само да ги слушате сите тие кукања. Јас сум многу отворен. Никогаш немав ништо против медиумите. Но, кога во јавноста се пласираат бесмислици...“, рече Ван Дајк.

Тој призна дека Холандија не одиграла добро на Светското првенство, но нагласи дека одговорноста не може да се префрла на еден играч.

— реклама —

„Не станува збор за мене. Играте заедно, вие сте тим. Кога велите дека јас го уништив холандскиот фудбал по Светското првенство, таквите работи се целосно бесмислени“, порача Ван Дајк.

Расправијата во еден момент станала толку напната што морал да реагира и портпаролот на репрезентацијата. Тој ги замолил новинарите прашањата да им ги упатат на други фудбалери, со што била прекината вербалната расправија меѓу Ван Дајк и новинарот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања