Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

ВАН ХОЈТЕ: Груевски бараше Катица Јанева да биде шеф на СЈО

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Katica-Gruevski

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева очигледно беше избор на Никола Груевски, но се чинеше дека тоа не им пречи на СДСМ, вели во интервју за ИРЛ Питер Ван Хојте, кој беше посредник во таканаречените пржински преговори, кои резултираа и со формирање на СЈО.

-Имавме долги разговори и стандардизација како да се избере специјалниот обвинител но и дека секоја партија ќе има свој кандидат. И тогаш се изненадив бидејќи двете најголеми партии се чинеше дека имаат внатрешен договор. Тоа е моето чувство. Потоа тој кандидат беше избран. Ми беше драго, повеќе не постоеше проблем. Тие разговараа и надвор од процесот. Верував во тоа време дека тоа е добар развој. Сега не сум сигурен. Можеби тоа било дел од поголем договор. Не знам, но можеби еден ден појасно ќе ми биде – вели Ван Хојте.

— реклама —

Во интервјуто, тој посочува дека од денешна перспектива е разочаран поради тоа што СДСМ немал проблем со системот, туку, како што вели, партијата сакала да ја презеде власта.

— реклама —

-И денес се гледаат примеси дека го користат системот што постоеше тогаш за да останат на власт. Воопшто не е добар тој клиентелистички систем. Си имаат шефови и клиенти за работни места со цел да се осигураат дека ќе имаат гласачи – истакна Ван Хојте, додавајќи дека амнестијата пред да биде окончан судски процес се судира со концептот на почитување на владеење на правото.

— реклама —

Целото интервју можете да го погледнете на ирл.мк

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања