Вандали уништија гол, исекле кабел за струја и ја искршиле урбана опрема во Паркот на езерата во Аеродром

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
Gol

Уништен еден од головите на спортското игралиште во новоизградениот парк во Мичурин. Исто така, бил исечен и кабел за струја со што сторителите директно се изложиле себеси, но и другите граѓани на голема опасност. Случајот е пријавен во полиција и се надевам дека вандалите во најбрзо време ќе бидат пронајдени и соодветно казнети, велат од Општина Аеродром. Тие додаваат дека синоќа урбана опрема била уништена и во Паркот на езерата, како и на спортското игралиште во близина на ОУ „Ѓорѓија Пулевски“, каде што претходно биле исклучени рефлекторите.

— реклама —

Би сакал да посочам дека граѓаните не смеат да ги отвораат орманите за струја што се наоѓаат на спортските игралишта затоа што со тоа го доведуваат својот живот во опасност. Постои посебна служба што се грижи за јавното осветлување и доколку имате забелешка пријавете во Општината.

Уште еднаш апелирам за повисока граѓанска свест и одговорност при зачувување на заедничкиот имот, затоа што сето она што се гради припаѓа на секој од нас.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања