Вандализам - демолиран споменикот на децата бегалци, жртви на егзодусот врз македонците во Граѓанската војна во Грција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
demoliran-spomenik

Демолирањето на споменикот на децата бегалци, жртви на егзодусот врз македонците во Граѓанската војна во Грција во паркот „Жена  борец“ во очи 11 октомври, денот на почетокот на антифашистичкото востание во Македонија е акт на најголем вандализам.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува демолирањето на споменикот, кој претставува симбол за сеќавање на една голгота на македонскиот народ во минатото.

— реклама —

Овој споменик е спомен и почит за егзодусот на над 20.000 деца од Егејска Македонија извршен во период од 1946 - 1949 година.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ апелира до властите да почнат  да си ја вршат работата за која што се платени и да го чуваат државниот имот. Недозволиво е власта да дозволува секојдневно уништување на спомениците и друг вид на државен имот, а никој за тоа да не сноси одговорност, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања