Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Вангеловски: Објавениот разговор ми наликува на негово себепромовирање во голем моќник, но и претставување како мој голем пријател

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
jovo-701x394

Експретседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, во изјава за порталот Плусинфо, ја коментира објавената снимка од Антонио Милошоски, во која се слуша како доскорешниот премиер Зоран Заев го споменува неговото име во насока на влијание во носење одлука во највисокиот суд.

— реклама —

„Видно од објавеното писмо на прес конференцијата на господинот Милошоски, се објавува разговор воден во месец мај 2019 година во просториите на Владата, а во кој се спомнува моето име. Објавена е аудио-снимка во која лицето З.З. кажува дека со мене нешто договорил. Јас тврдам дека во месец мај 2019 година пред Врховниот суд немаше активен предмет во кој тогашното СЈО се појавува како странка која не е овластен тужител во постапките согласно начелното правно мислење на овој суд. Сите тие постапки беа завршени неколку месеци пред тоа. Со господинот Заев, јас како претседател на највисокиот македонски суд, сум имал неколку средби остварени во премиерскиот кабинет, при што бев почестен со кафе и со вода. Од тука, мене објавениот разговор или монолог ми наликува на негово себепромовирање во голем моќник, но и претставување како мој голем пријател“,вели Вангеловски за Плусинфо.

Целата изјава на експретседателот на Врховен можете да ја прочитате ТУКА.

— реклама —

фото:Правдико

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања