„Вања е убиена клечејќи, и било пукано одзади, на ДНК-то се најдени траги од Велибор“ - обвинителството со докази

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
majka1412-1

Застанат зад Вања Ѓорчевска, на околу половина метар, убиецот, стискајќи ја за вратот и пукал во главата додека била жива. Според обдукцијата, проектилот од пиштол со калибар од 9мм, поминал преку десната страна од главата и завршил 30 цм во телото близу 'рбетот.

— реклама —

Вања не се загушила додека била врзена во вреќата и ја возеле во багажникот од украдениот „цитроен“, кажа обвинителството презентирајќи ги доказите за двојното убиство.

Убиена е клечејќи, а до местото на ликвидацијата се движела, тврди обвинителството, бидејќи на нејзините патики била најдена кал. Истата кал била пронајдена на колениците и под ноктите. На лентата со која и била залепена устата биле пронајдени ДНК трагови од обвинетиот Велибор Манев.

— реклама —

Обдукцијата покажала дека двете жртви, и 14- годишната Вања и 74-годишниот Панче Жежовски претрпеле тешко физичко страдање пред да бидат убиени.

Жежовски бил закопан во дупка длабока 2,7 метри. Најдена е чаура до дупката во периферијата на Велес, каде бил пронајден и мобилниот телефон на Панче, фрлен во трње.

Од извештајот од обдукцијата на Панче Жежовски, произлегло дека смртта била насилна, му било пукано во главата од десната страна а и тој се наоѓал во полунаведната положба додека бил убиен. Смртта најверојатно настанала неспоредно ппо неговото грабнување, рече обвинителката при изведувањето на доказите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања