Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Ванковска на југот од Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
photo_2024-04-08_18-27-40

Борбата за враќање на достоинствен дом, како што најавува, претседателскиот кандидат Билјана Ванковска денес ја продолжи во Богданци. На средбите со граѓани во Богданци Ванковска беше придружувана од Сашко Јанчев, носител на листа на ИЕ4.

— реклама —

„Стасавме и на југот на нашата земја“, рече Ванковска која беше пречекана од Богданчани.

И во Богданци ја потенцираше важноста од раскинување на трите договори кои ја влечат како тегови земјата надоле. Со жителите на Богданци разговараше и за земјоделието и заштитата на животната средина.

— реклама —

Ванковска истакна дека земјоделието е една од најзначајните гранки за жителите од овој крај и токму заради тоа не смее да се дозволи да се уништуваат земјоделските површини за сметка на отварање рудници или поставување сончеви панели на обработливи површини. Особено нагласи дека треба да се внимава на зачувување на заштитата на животната средина која значи здрав и задоволен човек.

Сашко Јанчев на жителите на Богданци им вети дека Левица до крај ќе се бори рудници во овој крај да не се отвараат.

Ванковска денешната агенда ја продолжува на средби со граѓани во Гевгелија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

FotoJet-41

Крај на парламентарните избори, Европски фронт останува со 18 а Влен со 14 пратеници

Македонија | пред 1 година

glasanje-makedonija

Нема прегласување во местото кое ја намали разликата меѓу „Европски фронт“ и „Влен“

Македонија | пред 1 година

mickoski-sobranie

Новите пратеници ќе седнат во удобните фотелји, конститутивна седница во вторник, 28 мај

Македонија | пред 1 година

gasd

СДСМ сама „крвта“ си ја пролеа: Маричиќ или Лога, кој ќе раководи со ДИК,

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања