„Реално немаме пари за учебници по сите предмети во средното образование. Според податокот кој сега го имам, не верувам дека целосно можеме да го затвориме стручното образование со учебници зашто се работи за многу предмети. Реално, за средното образование немаме за сите предмети. За основното се обезбедени за сите предмети и за новата концепција и делот што останува за средното образование ќе се надополнува“, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири.
Професорката Билјана Ванковска се огласи на социјалните мрежи во врска со оваа изјава.
„Па нека ги смалат предметите, нека не се толку стручни, па и школите нека ги затворат!
Родители, пакувајте куфери. За да си ги спасите децата.
Ужас! Када да се свртиш – гнилеж, неспособност, корумпираност, јавашлук“, вели Ванковска.