Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Ванхојте: Дали Катица Јанева допре до некои луѓе кои веруваа дека се недопирливи и се над законот?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
peter-vanhojter

Белгискиот експерт Питер Ванхојте, кој беше ангажиран во процесот на преговори за Договорот од Пржино, на својот фејсбук профил го кажа својот став за случајот на Јавното обвинителство „Рекет“.Ванхојте повикува дека доколку се утврди дека имало злоупотреба на моќта, луѓето што биле вмешани во тоа, треба да се осудат, но најпрвин да се запрат шпекулациите. Ванхојте напиша:

„Анализирајќи го она што се случува, моето прво прашање е: зошто ова наеднаш излегува на површината? Кој стои зад тоа? Дали Катица Јанева допре до некои луѓе кои веруваа дека се недопирливи и се над законот? Како одговор на ова „во чиј интерес е ова да се случува“, можев да обезбедам долга листа имиња, но тоа нема да и помогне на земјата да тргне напред, напиша Ванхојте на Фејсбук.

— реклама —

„ Тоа докажува дека има уште многу пат да се изоди. Можам само да се надевам дека граѓанското општество повторно ќе се разбуди и ќе бара да бидат почитувани демократските вредности, дури и од страна на политичарите. И најпосле, што и да се случи, истрагите со прислушуваните разговори мора да продолжат. Тоа е товар од минатото, но никој не треба да заборави што се случи, и оние кои беа вклучени во тоа, вклучувајќи го и Груевски, се соодветно судени и на крајот и осудени.  И ЕУ и Орбан треба да бидат свесни дека никој не може да даде азил на ваква личност, и во исто време да бара од Северна Македонија да го почитува владеењето на правото. Затоа и ова треба да се исправи“, напиша Ванхојте на Фејсбук.

— реклама —

https://www.facebook.com/peter.vanhoutte.814722458631977/posts/10156448717702469

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања