Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Варошлија како сведок во „Рекет“: Одморот беше планиран од пролетта и секој сам си го плати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Katica-Janeva-Reket-Boki-13-skopje1mk

Модниот стилист и ексвработен во 1ТВ, Сергеј Варошлија, сопственичката на оптика Марија Јанковска и сопственикот на галерија Алекс Кртов, денеска сведочеа на судењето за случајот „Рекет“, за тоа од каде и како се познаваат со обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 и за неговиот стил на живот.

— реклама —

Варошлија во сведочењето напомена дека никогаш не ја видел поранешната специјална јавна обвинителка, а сега второобвинета во случајот „Рекет“, Катица Јанева во домот на Јовановски.

За денот на апсењето, Варошлија кажа дека тој, новинарката Анета Кочишки и водителката Лила Филиповска требало да одат на одмор. Според него, одморот бил планиран од пролетта, што значи дека Јовановски не планирал да бега. Утрото, тие отишле во домот на Јовановски. Кога стигнале на граница, на пасошка контрола, Јовановски го тргнале на страна, а на нас ни кажаа дека можеме да си одиме, а тој да остане таму.

— реклама —

„Правеа претрес. Беа одземени мои работи, чевли, чанти. Мислеа дека се што е брендирано е на Бојан. Одморот секој сам си го плати“, раскажа Варошлија.

На денешното рочиште прва сведочеше Марија Јанковска, која е сопственичка на оптика и имала соработка, односно се познавала и патувала со обвинетиот. Таа кажа дека се познавала со него и тоа многу и помогнало бидејќи познанставата на Јовановски и носеле нови клиенти. Таа пред судот кажа дека со Јованвоски била и пет дена на одмор во Грција, но се сама си платила.

Инаку денеска првообвинетиот во „Рекет“, Бојан Јовановски преку неговиот адвокат Сашо Дуковски, побарал Јовче Ременски, да не сведочи во случајот. Но, предлогот за утре да сведочи Фросина Ременски, останува и таа треба да се појави во Кривичниот суд.

Дуковски како бранител на Јовановски побарал од листата на сведоци да се повлечат и бизнисмените Владимир Тодоровиќ и Дејан Панделевски.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања