Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Васев: Мицкоски и Чулев свесно го рушат системот за заштита од коронавирусот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Целата јавност деновиве ја гледа неспособноста и неодговорноста на Наќе Чулев и неговите кадри. Советникот на Чулев јавно призна дека заедно со Христијан Мицкоски ги прекршил мерките и задолженијата за заштита од коронавирусот, истакна Стефан Васев од СДСМ.

Ако наводно Мицкоски не ги знаел протоколите, тогаш Љупчо Андоновски сигурно ги знаел и наместо да му укаже на Мицкоски, тој му се придружил и свесно ги прекршил забраните.

Токму Андоновски треба да биде прв кој ќе внимава дали се почитуваат мерките, а не да биде прв кој истите ќе ги прекршува.

Таквото однесување е опасно по јавното здравје, колку што е опасно и неработењето на Наќе Чулев.

— реклама —

Во текот на викендот, очевидци и медиуми забележаа масовни прекршувања на полицискиот час и забраната за движење.

Сарај, Аеродром, Чаир, Ѓорче Петров, Шуто Оризари, Тетово се само дел од општините и каде масовно се прекршуваше полицискиот час додека полицијата на Чулев не презеде ништо.

Наместо да спречува, полицијата на Наќе Чулев со своето неделување поттикнуваше прекршување на забраните за движење.

— реклама —

Мицкоски, Чулев и кадрите на ВМРО-ДПМНЕ свесно го рушат системот за заштита од коронавирусот и предизвикуваат негово натамошно ширење.

Уште еднаш се докажа - Чулев е најнеспособниот министер за внатрешни работи. Нему му е поважно да ги брани прекршоците на неговиот шеф Мицкоски отколку да воспостави ред во почитувањето на мерките и задолженијата.

— реклама —

Таквиот несериозен и незрел однос е закана по здравјето и сигурноста и најмалку што може тој да стори е да поднесе оставка веднаш, истакна Стефан Васев од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања