„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Василево добива енергетски ефикасен Дом на култура

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
media-librarymdvlnlpbkvmt4CpboZt

Министерот Златко Перински и градоначалникот Славе Андонов извршија увид во проектот „Creative DG EcoTour“ (INTERREG VI-A IPA Бугарија 2021–2027), кој предвидува реконструкција и опремување на Домот на културата во Градошорци со висока енергетска ефикасност и обновливи извори. Објектот ќе се обнови во соработка со општина Кресна и ќе добие спомен-соба за Мис Стон, со цел збогатување на туристичката понуда. Вкупниот буџет за Василево е 302.357 евра, со 15% национално кофинансирање. Перински истакна дека ниту една општина не смее да остане на маргините, а за Василево се одобрени 6 проекти од 115.680.175 денари. Тој одржа и работна средба со Советот и администрацијата за понатамошна координација.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со градоначалникот на Василево, Славе Андонов, изврши увид во реализацијата на инфраструктурниот проект „Creative DG EcoTour“, кој се спроведува во рамки на Програмата INTERREG VI-A IPA со Бугарија 2021–2027.

— реклама —

Проектот предвидува реконструкција и опремување на Домот на културата во село Градошорци, со цел постигнување висока енергетска ефикасност и примена на обновливи извори на енергија, како дел од пошироките напори за одржлив и нискојаглероден локален развој.

Благодарение на долгогодишната и успешна соработка со Министерството за локална самоуправа и со нашата партнерска општина Кресна, обновуваме руиниран објект што ќе прерасне во гордост на регионот, а во негови рамки ќе биде изградена и спомен-соба посветена на Мис Стон, што значително ќе придонесе за збогатување на туристичката понуда на општината и целиот прекуграничен регион“ во своето обраќање наведе градоначалникот Андонов.

Преку проектот, Министерството за локална самоуправа обезбедува национално кофинансирање во висина од 15% од вредноста на проектот, додека вкупниот буџет за Општина Василево за овој проект изнесува 302.357 евра.

— реклама —

Ниту една општина не смее да остане на маргините на развојот. Токму тука во Василево има потенцијал. Како Влада, од самиот почеток на мандатот преземавме обврска да обезбедиме поддршка, знаење и финансиски механизми за тие потенцијали да станат реални проекти и реални резултати и тоа веќе се гледа на терен“, истакна министерот Перински.

 Преку двата јавни повика за инфраструктурни проекти во општините, за Општина Василево кумулативно беа одобрени 6 проекти во вредност од 115.680.175 денари.

Во рамки на посетата, министерот оствари и работна средба со членовите на Советот на Општина Василево и општинската администрација, со цел директна координација за понатамошниот развој на општината.

Преку овие директни средби го унапредивме нивото на непосредна комуникација и политиките ги креираме согласно реалните потреби од терен, а не од канцеларија“, наведе Перински.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања