Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Василевска: Владата на СДСМ ја финансира НВО на Јасна Мандиќ, обвинета во рекет и директорка на 1ТВ на сега осудениот Боки 13

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Ivanka1806

Владата на СДСМ на 13 јуни по брза постапка во ек на вонредна состојба одлучува да ја финансира и дава дел од колачот од пола милион евра на невладината организација на Јасна Мандиќ, директорката на 1ТВ, на сега осудениот во Рекет - Бојан Јовановски, алијас Боки 13, истакна Иванка Василевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Јасна Мандиќ и самата е дел од судскиот процес наречен Рекет 2, а поврзан со меѓународниот сојуз, преку кој како потпретседателка учествувала во перење на над 1 милион евра кои Боки 13 ги изрекетирал од бизнисменот Силјан Мицевски и други лица.

— реклама —

Мандиќ моментално се наоѓа во куќен притвор, но тоа очигледно не е пречка владата на СДСМ да и даде дел од пола милионскиот колач. Куќниот притвор во овој случај не е пречка за соработката помеѓу владата на СДСМ и луѓето на Боки 13, кои како што пишуваат медиумите биле дел од шемата за перење на парите од рекетот на Јовановски.

Очигледно е дека поврзаноста помеѓу Зоран Заев, СДСМ и главните извршители во аферата Рекет продолжува и понатаму и не застанала со отворање на судските постапки.

Ова е скандал. Ова е потценувачки за целата македонска јавност. Од една страна се глуми судски процес, а од друга страна се финансираат истите опфатени во милионски криминал и тоа со пари на граѓаните.

— реклама —

Со што ги има задолжено Јасна Мандиќ, обвинета за перење на пари земени од рекетот на Боки 13, директорка на 1ТВ и потпретседател на Меѓународниот сојуз Зоран Заев и СДСМ, за истите да мора да и даваат пари кога истата се наоѓа во домашен притвор?!

Знае ли Мандиќ нешто со кое што Зоран Заев не сака да биде запознаена пошироката јавност?!

— реклама —

Дали парите кои Јасна Мандиќ ги добила преку својата невладина се надомест за нејзината „коректност“ кон Заев и врвот на власта?!

Дали планот на Заев е Рекет да заврши со осудени Боки 13 и Катица, а другите да останат на слобода поради нивното „добро поведение“?!

Ова е крајно безобразие и доказ дека Македонија боледува од вирус многу пострашен од Ковид 19. Тоа е вирусот Зоран Заев и СДСМ, кои го имаат метастазирано целото општество.

— реклама —

Изборот е помеѓу обнова која ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ и измама која ја имаме од Заев и СДСМ. Македонија не заборава, и народот ќе ја направи разликата, истакна Иванка Василевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

фото: ВМРО ДПМНЕ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања