Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Василевска: Заев денеска докажа дека Драги Рашковски работел по негови инструкции и за негови цели

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
ivanka-11

Зоран Заев денеска наместо да го повика на одговорност, го заштити Драги Рашковски. Заев денеска докажа дека Драги Рашковски работел по негови инструкции и за негови цели. Дека Зоран Заев е директно одговорен за сомнителниот тендер од 7 милиони евра за набавка на АТМ системот за потребите на М-НАВ кажа и самиот Драги Рашковски вчера, кој посочи дека настапувал по овластување токму на Зоран Заев, истакна истакна Иванка Василевска–член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Колега Драги Рашковски дали сте само извршител на Зоран Заев кој е лицето кај кого треба да легнат парите од 7 милионската аванта? Охрабрете се и не го штитете човекот кој бесрамно ја лаже македонската јавност со години наназад.

— реклама —

Зоран Заев - човекот што сака да се заборави криминалот со бишкарникот на Мирчо и митото од 200.000 евра нормално е да сака да се заборави и криминалот од 7 милиони евра.

— реклама —

Исто како и кај Заев, кој бараше евро по метар квадратен, така и за Рашковски постојат аудио снимки од кои се слуша „Leonardo will win the tender“. Што тука е неразбирливо, уште пред да се склучи договорот со Леонардо, се знаело кој ќе го добие овој тендер.

— реклама —

Јавното обвинителство треба само да испита, дали кажаното во снимката коинцидира со настаните кои следат потоа. Едноставно е. Оттука уште еднаш го повикуваме Јавното обвинителство да преземе мерки и да побара притвор, како за Рашковски, така и да го повика на разговори токму господинот Зоран Заев. Или пак не смее затоа што тие се луѓето на кои им реферираат, дали ВМРО-ДПМНЕ поднело или не некој поднесок.

За крај, едно обраќање до сите оние чесни членови на СДСМ и приврзаници на таканаречената „Шарена револуција“: - Навистина ги жалиме оние кои одеа месеци по улици и викаа „нема правда нема мир“, а сега мора да молчат и да не смеат да изустат ни збор за сомнеж за криминал вреден 7 милиони евра, кој го амнестира лично премиерот на државата, а нивен тогашен водач.

Времето на правдата ќе дојде. Правната држава мора да профункционира. Одговорност ќе има за сите,истакна Иванка Василевска–член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања