Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Ватикан игнорирал хакер: Апликацијата на папата компромитирала 700.000 луѓе

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
Screenshot-2025-05-08-at-19.47.27

Официјалната апликација за молитва Click To Pray, која ја користи Папската светска мрежа за молитва, со месеци содржела сериозен безбедносен пропуст што можел да ги изложи личните податоци на повеќе од 700.000 корисници, објавуваат специјализирани технолошки медиуми.

— реклама —

Безбедносниот истражувач познат како BobDaHacker ја открил ранливоста уште во јануари и веднаш ја пријавил кај одговорните за апликацијата. Сепак, според неговите тврдења, со месеци не добил никаков одговор, а пропустот бил отстранет дури кон крајот на јули, откако случајот бил објавен и потврден од порталот Dark Reading.

— реклама —

Станува збор за т.н. IDOR ранливост, која овозможувала пристап до туѓи кориснички податоци без соодветна проверка. Со едноставна промена на идентификациски број во интернет-адресата, потенцијален напаѓач можел да пристапи до имиња, е-пошта, држава на живеење и датум на раѓање на други корисници.

Дополнително, истражувачот открил дека системот при регистрација го прикажувал и кодот за потврда на новиот профил, што можело да овозможи регистрација со туѓа електронска адреса и да го зголеми ризикот од фишинг-измами.

— реклама —

Апликацијата Click To Pray е официјална платформа на Папската светска мрежа за молитва и ја користат повеќе од 719.000 верници ширум светот, од кои голем дел се постари лица, што, според експертите, ги прави особено ранливи на ваков вид сајбер-измами.

— реклама —

И покрај повеќемесечните обиди за контакт, од Ватикан не испратиле официјален одговор ниту признание до истражувачот кој го открил пропустот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarydpod7ap48tao0Admk3g

150 настани низ Италија како алтернатива на Halloween, Ватикан ја промовира светоста

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-library7bn090ue3vjm0p96OAP

Ватикан потврди: папата Лав XIV заминува на патување во Латинска Америка

Свет | пред 2 седмици

media-librarym2b3h3d0upkj4pa7x7w

Папата опериран од рак на белите дробови, Ватикан со нови информации за неговата состојба

Свет | пред 3 седмици

media-librarym2b3h3d0upkj4pa7x7w

Папата Лав XIV има рак на белите дробови

Свет | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања