Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Ватикан со хуманитарна пратка за Украина: 80 генератори и илјадници лекови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Свет
media-librarym2b3h3d0upkj4pa7x7w

Папата Лав XIV испрати во Украина 80 електрични генератори и илјадници медицински средства за да им помогне на цивилите да се справат со ниските зимски температури и постојаните напади, соопшти вчера Ватикан.

Помошта е организирана како одговор на апелите на бискупите, кои предупредија на сè поголемите тешкотии предизвикани од руските удари врз енергетската инфраструктура и температурите под нулата низ целата земја.

— реклама —

Три камиони со генератори и медицински средства тргнале од базиликата Света Софија во Рим и веќе пристигнале во Фастив и Киев, области тешко погодени од неодамнешните напади.

— реклама —

Покрај генераторите, испорачани се илјадници медицински средства, вклучувајќи антибиотици, противвоспалителни лекови, додатоци во исхраната и мелатонин. Според ватиканските претставници, за мелатонин владее голема побарувачка бидејќи Украинците поради постојаните напади се соочуваат со стрес и недостиг на сон.

Од Ватикан додадоа дека се во тек подготовки за испраќање уште една пратка со лекови и храна, а дистрибуцијата ќе се координира преку мрежите на парохиите низ Украина.

— реклама —

Откако минатата година ја презеде папската служба, папата Лав повикува на „праведен и траен мир“ во Украина и понуди Ватикан да биде домаќин на мировни преговори меѓу Киев и Москва.

— реклама —

Украинскиот претседател Зеленски ја поддржа таквата иницијатива, додека руските претставници засега го одбија предлогот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarykr49dgi46sb92zWpqdy

Поранешен соработник на украински премиер тешко повреден во експлозија на автомобил во Москва

Свет | пред 6 часа

— реклама —
media-libraryh2aohabuoto18k0oXtb

Руските компании ги преместуваат податоците во странство по украинските напади врз центрите за податоци

Свет | пред 2 дена

media-library47jcaee6d88j01lEBMf

(Видео) Над 850.000 Украинци останаа без струја по новите руски напади врз енергетската мрежа

Свет | пред 5 дена

media-library4bb6t509i29t0ECHASx

Русија со ракетен напад врз Киев: Оштетени станбени згради, мост и градинка, петмина повредени, меѓу кои и 14-годишно дете

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања